Во видеото Трамп ја опишува потпретседателката Камала Харис како „лоша“.
„Тој (Бајден) само што поднесе оставка. Ја напушта трката, а тоа значи дека ја имаме Камала (Харис). Мислам дека таа ќе биде подобра. Толку е патетична, толку е ‘факинг’ лоша“, вели Трамп во клипот, пренесува Скај њуз.
Според одделни анкети спроведени од Њујорк тајмс и Волстрит џурнал, Трамп има поголеми шанси за победа од Бајден. Врз основа на анкетата на Њујорк тајмс, спроведена меѓу регистрирани гласачи што се очекува да излезат на гласање на 5 ноември, 49 отсто од гласачите би гласале за Трамп, а 43 отсто за Бајден.
Бајден официјално треба да биде номиниран во август, а единствениот начин да биде сменет е самиот да поднесе оставка, што тој негираше дека ќе го стори.