„Грипот е сериозна болест, може да предизвика пневмонија, бронхит или да ги влоши хроничните здравствени состојби. Вакцинацијата против грип, секоја година, е најдобар начин да се заштитиш себеси од ова заболување“, подвлекуваат од ИЈЗ.
Постојат студии што покажуваат дека здравствените работници можат да го пренесат грипот на своите пациенти, особено ако се осетливи да развијат компликации.
„Грипот е опасен за мали деца, возрасни и лица со ослабен имунитет или други хронични заболувања. Како резултат на пренос на грип од здравствен работник, некои пациенти може да развијат компликации опасни по животот, како што се документираните случаи на смрт од грип во неонатални центри за интензивна нега и на онколошки педијатриски одделенија“, се додава во соопштението.