недела, 14 јули 2024

„Најдоброто од Копров“ со Ана Петановска вечерва во НОБ

Вечерва со почеток во 20:30 часот во Националната опера и балет – НОБ ќе се одржи концерт „Најдоброто од Копров“ на Ана Петановска. Публиката ќе има можност да ужива во најголемите хитови компонирани од Григор Копров како што се Лиду ду, Остани во мене, Не зори зоро, Не допирај ме, Твоите бакнежи на моите бели кошули, Анушка и многу други.

Објавено на

часот

Сподели

„Концертот преставува музичко патување низ долгогодишното творештво на Григор Копров, во изведба на моќниот вокал на Ана Петановска со ексклузивните гости: мега ѕвездата Владо Јаневски, единствената Наде Талевска, топлиот вокал на Горан Наумовски и прекрасниот Денис Димоски, а во придружба на камерен оркестар. Музички продуцент на настанот е Давор Јордановски“, велат од дирекцијата на НОБ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ