Пред почетокот на натпреварувањето Англија беше прв фаворит, но англичаните досега не импресионираа во ниту една партија од одиграните четири. Секунди недостасуваа да бидат елиминирани од Словачка, но и покрај тоа, букмејкерите им даваат најголеми шанси за освојување на ЕП.
На второто место се проби Шпанија која изгледа најдобро досега, а Франција која важеше за втор фаворит, сега е трета со ист коеифициент како и Германија.
Следуваат Холандија, Португалија и Швајцарија, а убедливо најмали шанси ѝ се даваат на Турција.
Коефициенти за освојување на ЕП:
Англија 4,5
Шпанија 5
Франција 5,5
Германија 5,5
Холандија 8
Португалија 10
Швајцарија 15
Турција 35