недела, 14 јули 2024

ЈП за државни патишта е во перфектна кондиција, му кажа Рустеми на Трајановски

Коце Трајановсвки ја презеде од Ејуп Рустеми функцијата директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Трајановски најави дека ќе работи чесно, а Рустеми истакна дека претпријатието го остава во перфектна кондиција. Рустеми му се заблагодари на Али Ахмети за довербата, а Трајановски пак, на Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Благодарам за дадената доверба од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски за да го водам ова јавно претпријатие. Ќе работам чесно и посветено со цел да се реализираат што повеќе проекти, кои ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните“, објави Трајановски преку Фејсбук.
Ејуп Рустеми на Фејсбук објави фотографија со вработените на кои им се заблагодари од срце за соработката и со пораката дека претпријатието го остава во перфектна состојба и со извонредни перфоманси, а за дадената доверба изминатите години да биде директор благодарност упати до ДУИ и лидерот Али Ахмети.

„Во текот на мојот мандат, односно од месец ноември 2020 година, до денес, нескромно можам да се пофалам со успешен мандат, со високо ниво на исполнување на годишните програми и рекордно ниво на реализација на капиталните инвестиции во државата.

Притоа, сите ние во претпријатието посветено работевме на главните цели – изградба, рехабилитација, реконструкција, одржување, и безбедност на државните патишта.

Остваривме рекордни инвестиции во нови модерни патишта, како и рекордна година на приходи од наплата на патарини. Меѓутоа, ова беше и историски мандат, минатата година започнавме со реализација на најголемиот инфраструктурен проект во современтата историја на државата – изградбата на автопатите на Коридорот 8 и на Коридорот 10 д.

Овие години драстично го зголемивме нивото на капиталните инвестиции, при што во 2023 година имавме над 400 милиони евра инвестиции

Следуваат уште неколку значителни параметри од исклучителна важност за резултатите на претпријатието во овој период:

-Приходите од патарините го зголемивме од 34 милиони на 62 милиони евра годишно
-Изградивме околу 700 километри патна мрежа
-Во тек е изградба на 168 километри автопатишта
-Во тек е изградба на 51 километри експресни патишта
-Рехабилитираме и градиме околу 100 км регионални патишта
-Го имплементиравме РАМС системот и системот за управување на мостови
-Одржување и чистење на автопатишта, итн…“, напиша Рустеми на Фејсбук.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ