петок, 8 ноември 2024

Димитровска: На јавна седница на ДКСК ќе биде донесена одлука за предметот на директорот на АНБ

Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, за МИА потврди дека до нив стигнала претставка за именувањето на директорот а АНБ, Бојан Христовски и дека по неа е оформен предмет и веќе се постапува.

Објавено на

часот

Сподели

 

„Наводите се однесуваат на неисполнување на услови за именување на директор. Конкретно во делот на образование, стекнување со безбедносен сертификат, како и припадност на политичка партија. Тоа се наводите во оваа анонимна пријава. Предметот е распределен кај член. Ќе се отпочне со обезбедување на потребна документација до АНБ и Владата како орган кој го именува. По рокот за достава на овие податоци од 15 дена, и по обезбедување на документација и утврдување на фактичката состојба ќе донесеме одлука на јаван седница“, изјави Димитровска за МИА.

Именувањето на Бојан Христовски за директор на институцијата задолжена за безбедноста и контраразузнавањето предизвика бројни реакции во јавноста.

Владата на седница на 16 октомври го разреши директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место го именува Бојан Христовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ