петок, 1 мај 2026

Заев: Поддршката од власта за општините нѐ води во победа на локалните избори

Објавено на

часот

Сподели

„Поддршката заемно ќе си ја довериме и дадеме, веруваме дека така многу подобро ќе им служиме на граѓаните пред се, зашто сме и централна власт, а заеднишвото пресликано на локално ниво ќе биде капацитет повеќе за полесно да се справиме со предизвиците и да имплементираме колку што може повеќе проекти во иднина“, истакна Заев.

Општините, оцени, не доживеале таква поддршка каква што имаат во изминативе четири години.

„Педесет милиони евра дадовме директно за да се одблокираат општините, за да ги вратат своите долговите. Се реализираат и многу проекти поддржани од ЕУ и Европската банка за обнова и развој, од Светската банка, од меѓународни фонадации, но и проекти од централната власт“, рече премиерот., одговорајќи на новинарски прашања по означувањето на почетокот на изградбата на 400-киловолтниот интерконективен далекувод Битола – Елбасан.

Потоа, Заев го посети Вевчани, каде заедно со министри изврши увид во комплетно опремениот Туристички центар во реновираното поранешно училиште „Страшо Пинџур”.

„Пред да се реконструира овој објект, беше зграда на старото основно училиште. Самиот објект преставуваше импозантна градба изградено од 1948 до 1951 година од страна на вевчанските неимари и токму наследниците на тие градители учествуваа во неговата ревитализација и нова функционалност. Во 2016 година кога во предизборната кампања го посетив Вевчани, руинираниот објект на некогашното училиште, ветив дека тука ќе никне нов модерен, мултифункционален Туристички центар „Вевчани”. И еве, денес стоиме пред комплетно реконструираната зграда со модерно партерно уредување. Со овој објект се овозможува промоција и развој на туризмот не само на Вевчани, туку и на целиот овој регион кој пошироко со Дебар и Дебарца, со Струга, Охрид, регионот Преспа, па дури и Пелистер и Битола, а тоа се нашите најсилни и најатрактивни туристички потенцијали”, рече Заев.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ