петок, 1 мај 2026

Заев и Николовски : Сега сѐ е јавно, ќе се проверува имотот и на функционерите и на обичните граѓани

Објавено на

часот

Сподели

„Кампањата е израз и на нашата постојана и гласно афирмирана заложба да им дадеме гласност и видливост на воспоставените јасни механизми за соработка меѓу сите институции за справување и спречување на корупцијата, и за охрабрување на граѓаните и медиумите да укажуваат и да зборуваат јавно и гласно”, нагласи премиерот Заев.

Кампањата има за цел да ги мобилизира граѓаните и државната администрација во обезбедувањето заштитни механизми и отпор кон корупцијата која го разорува општеството по сите основи.

Станува збор за интегрирана кампања, рече премиерот Заев, која ќе информира за заштитните механизми преку видео и аудио продукција, различни пи-ар активности, а како канали за комуникација со нејзините пораките земени се дигиталните платформи на социјални медиуми, домашните веб портали, билбордите, а ќе биде креирана и посебна интерактивна веб страница.

Инаку, на промоцијата во видео материјалот како коруптивни не се прикажани високи државни функционери, туку админстративци, а на таа забелешка од новинарите Заев рече дека кампањата е на почеток и дека ќе биде збогатена со содржини преку кои граѓаните ќе ги препознаат точките на корупцијата.

Вицепремиерот задолжен за антикорупциско делување на Владата, Љупчо Николовски, дополни дека станува збор за широка комуникациска кампања, со единствена цел- на највисоко ниво да се информира јавноста за штетноста на корупцијата во функционирањето на едно општество, за подигање на свеста кај секој граѓанин да ја препознае и да пријави корупција.

„Со кампањата ја праќаме пораката – дека оваа Влада е максимално заложена и одлучна, да води политика на транспарентност, која е основата на борбата против корупцијата. Крајно, транспарентна Влада значи создавање на услови за буквално секој граѓанин да гледа како функционира системот и притоа да ги има сите можности да ги детектира слабостите, пропустите и да алармира за недоследности”, рече Николовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ