Заев нагласил дека сите земји членки се едногласни дека Северна Македонија ги испоилни условите и дека ЕУ остана должна со исполнување на својата одлука за почеток на преговорите. Тој изразил надеж дека тоа ќе стане реалност штом Бугарија формира функционална политичка влада и дека на Самитот за Западен Балкан во Љубљана на 6 октомври ќе има сериозно придвижување на блокираното проширување на ЕУ.
Како што е наведено во владиното соопштение, форумот „Алпбах“ оваа година е посветен на три теми: „Обезбедувањето на иднината на Европа”, „Финансирањето на иднината на Европа” и „Климатските промени”, а преку интернет видео – конференциска врска, премиерот Заев учествувал на панелот „Перспективите на Северна Македонија” заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за Западен Балкан.

„Посветени сме целосно на овој процес… Целта на Република Северна Македонија не е членство заради членство туку заради постигнувањето на стандардите и имплементацијата на тие стандарди во сите сфери на нашето општество”, кажал меѓу другото Заев.
Меѓу прашања од аудиториумот на Форумот,, во владиното соопштение се наведува особено внимание било посветено на иницијативата „Отворен Балкан“ за која премиерот Заев потенцирал дека не е алтернатива за членството во ЕУ, туку процес кој ги забрзува евроинтеграциските процеси во земјите во регионот, кој го поврзува Западен Балкан според принципите на ЕУ и кој остварува огромен придонес во јакнењето на пријателството и соработката.






