„Северна Македонија си го смени и името, ѝ беа дадени ветувања дека ќе започне преговарачкиот процес, а дали тоа се случи?“, праша тој во врска со спорот за името Македонија со Грција и фактот дека почнувањето на преговорите на земјава за влез во ЕУ сега е блокирано од Бугарија.
„Јас не лелекам, само ја кажувам вистината и сите сме свесни за тоа“, рече тој.
Вучиќ ја обвини ЕУ, која ја опиша како „најдоброто место за живеење во светот“, дека не успева да го награди напредокот на земјите-кандидати кога ќе исполнат некои од критериумите за членство.
Вучиќ рече дека Србија била ентузијастичка за нејзиниот пристапен процес во ЕУ, но дека „тој ентузијазам повеќе не постои“.
Српскиот претседател беше единствениот претставник на панелот од земја што не е членка на ЕУ, заедно со шест премиери на ЕУ, меѓу кои и Андреј Пленковиќ од Хрватска.






