петок, 1 мај 2026

Влада: На 30 години од независноста Македонија е во НАТО и кандидатка за членство во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме живо и динамично општество, во кое треба секој од нас да вложува за негов постојан развој. Ја кренавме Република Северна Македонија како отворена, праведна, стабилна, земја на можности, на неколку цврсти столбови: правна држава и владеењето на правото, економски раст, општество и институции како сервис за граѓаните, Едно општество за сите. Го зедовме најдоброто наследство од минатото и создаваме држава со сосема извесна европска иднина”, констатирал премиерот Зоран Заев.

Тој нагласил:

„Наша одговорност и света должност беше и да го зачуваме македонскиот идентитет. Не само што го зачувавме, туку и го потврдивме и зајакнавме. Засекогаш, Македонците и македонскиот јазик се впишани во ризницата на светските народи и јазици и никој повеќе нема дилеми. Никој повеќе не го оспорува тоа. Кристално јасно е дека го исполнуваме заветот на нашите предци кои со векови го афирмираа, го бранеа и гинеа за македонскиот идентитет. Заедно со граѓаните го остваривме тој вековен сон со меѓународна верификација.

Заев им се забагодарарил на припадниците на сите етнички заедници за разбирањето на проблемите кои по пат се појавувале, како и за изградбата на „автентично, уникатно, граѓанско, сенародно општество”.

Премиерот рече дека засекогаш ќе се паметат и ќе им се оддава почит на сите државници и членови на владите кои денес не се меѓу нас и кои, наглси, се вградија во остварувањето на независноста и во градењето на нашата држава според современите демократски вредности.

„Во периодот од 77 години од државотворниот АСНОМ и 30 години пат на самостојно, независно учество во животот на заедницата на народите, научивме неколку важни лекции. Една од најважните е лекцијата за чувањето и негувањето на демократија. Обновата не демократијата и на демократските институции ја зајакна кохезијата во нашето општество и го издвои приоритетот за обединување за да ги оствариме врвните државни интереси и главните национални приоритети“, кажал премиерот.

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, констатирал дека „30-годишното минато нѐ научи дека кога заедно ја градиме иднината врз основа на меѓусебното почитување и рамноправност, вреднувајќи ги разликите и диверзитетот како можност, а не како пречка и воспоставувањето отворен и искрен дијалог, ништо не е невозможно”.

„Албанците беа и се за независноста, заедно на темелите на референдумот и декларацијата за независнот и Охрдискиот рамковен договор го избравме дијалогот, рамноправноста и соживотот, но и пријателството со соседите и го определивме нашиот пат кон НАТО и кон ЕУ. Затоа Договорот за добрососедство и Преспанскиот договор се неразделен дел од мозаикот којшто нѐ направи членка и доверлив партнер на НАТО. Во овие важни моменти на оваа 30-годишнина како независноста, Охридскиот договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство се темелите на државата. Заедно сме навистина посилни“, нагласил Груби.

На свечената седница говореле и министри, а била поддржана иницијативата на премиерот Заев за доделување признанија (и постхумно) на сите 120 пратеници од првиот парлаемтарен состав за нивниот „особен придонес во поставување на општествените и институционалните темели во изградбата на слободна независна суверена и демократска држава Република Македонија, денешна Република Северна Македонија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ