Таа нагласи дека протоколите треба да се засилат и треба да се обезбедат брзи тестови за училиштата, како и да се обезбедат таблет компјутери за учениците кои немаат и не можат да си дозволат да ги набават.
„Иако имаше на располагање речиси три месеци, Царовска не успеа да обезбеди ниту учебници, па денес реалната ситуација ни покажува дека поради ваквата неспособност на министерката, од еден учебник ќе учат две деца, а ова е особено трагично бидејќи во услови на пандемија на ковид-19, наводно декларираните протоколи за заштита од пандемијата се всушност осило на зараза во која ризикот и опасностите се директно врз плеќите на нашите деца и на наставниците и професорите кои се фрлени во една апокалиптична безизлезна ситуација“, рече Василевска.
Таа додаде дека е јасно дека Царовска и Владата успеаја со својата неодговорност да го направат невозможното и доведоа на прагот на тоталното уништување еден образовен систем кој функционира повеќе од 70 години.
„Лошиот менаџмент со образовниот систем доведе до сериозни последици врз цели генерации ученици, истите се ненадоместливи и доколку се случи евентуалната одговорност на надлежните, бидејќи за ваквиот масакр во оваа круцијална дејност како што е воспитно-образовниот процес, последователните корекции нема да успеат да ја поправат направената штета“, рече Василевска.






