„Општината на Александар Наумовски од СДСМ истрча да каже дека набавката сега немало да се изврши. Набавка која е цели 10.000 евра повеќе од пазарната вредност на двете машини за перење. Имаме понуда за иста машина со исти перформанси како набавката по цена од 6.650 евра плус ДДВ, што значи вкупно 15.000 евра или цели 10.000 евра помалку од она што сакаа да го купат преку градинката „Росица”, општината Ѓорче Петров. Сега, откако објавивме, таа набавка немало да се изврши. И сега, Наумовски преку општинскиот портал вели градинката самостојно вршела избор, тие немале врска. Ама на продажбата се пријавиле двајца, еден од нив немал комплетна документација, па морало да го изберат единствената понуда со комплетна документација, таа со понуда од 25.500 евра за две машини за перење. Наумовски вели градинката немала пари, па договорот сега немало да се реализира. Ова е одговор на Наумовски, одговор на општината. Всушност – фатени се живи“, нагласи Стоилковски.
„Почитувани, тука има основен сомнеж за криминал. Ако нема врска општината или ако нема врска Наумовски со оваа набавка, зошто се јавуваат неповикани? Наместо Наумовски да повика истрага, да ја повика и директорката на градинката, да ја казни за ваков чин, тие ја правдаат оваа одлука и притоа најавуваат поништување на договорот.
Како тоа во услови на криза, на економска криза, нема фирми заинтересирани за тендер на општинска градинка за машини за перење вредни 25.500 евра? Имало само една заинтерсирана фирма, втората се откажала. Зошто притоа не е спроведена е-аукција за проширување на видливоста на тендерот, со цел подобра понуда? Ако имало само една понуда, со толку висока цена, 10.000 евра повеќе од пазарната, зошто тогаш е потпишан овој договор, а не е поништен тендерот? Ако немале пари, зошто тогаш е спроведен воопшто тендер, 15 дена се чекало и зошто тогаш е спроведена постапката до крај, потпишан е договор.
Има одговори за сето ова и тие одговори мора да ги даде градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, чиј што кадар е директорката на градинката“, рече Стоилковски.






