петок, 1 мај 2026

Стејт департментот извести за високото ниво на корупција во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

„Иако законската рамка главно соодветствува на меѓународните стандарди, корупцијата е постојано прашање… Владата генерално ги спроведува законите, но има многу навестувања дека некои функционери се вмешани во коруптивни активности. Транспаренси интернешнл ја рангираше Македонија на 111-то место од 180 држави во својот извештај за перцепција за корупцијата за 2020 година, што е пет места полошо во однос на претходната година, и 13 во однос на 2018“, пишува во извештајот.

Во поглавјето за корупција пишува дека има закони за борба против корупцијата, но слабо се применуваат и со нив селективно се гонат критичари на власта и ситни прекршители. Има сериозни обвинувања за корупција во судството и во многу други сектори, пишува во извештајот, а Државната комисија за спречување на корупцијата е истакната како ретко која државна институција која отвори низа случаи поврзани со корупција кои се однесуваат на високи функционери од сите делови на политичкиот спектар, обвинети за непотизам и судир на интереси.

Во извештајот пишува за „отсуство на владини мерки за борба против корупцијата и против конфликтот на интерес во јавната администрација“, за „чести обвинувања за непотизам во доделувањето на јавните тендери“ и за тоа дека власта не обезбедила заштита на невладините организации кои ги истражуваат случаите на корупција.

„Многу компании кои работат во Македонија, вклучително и американски компании, ја посочуваат корупцијата како проблем во доделувањето на јавни тендери и во правосудството“.

„Законите не секогаш се подготвуваат врз основа на познавање или проценки, а понекогаш се носат во Собранието со користење на скратената процедура. По изгласувањето, отсуствува спроведување на законите и регулативите и нивна еднаква примена кон сите страни што може да биде проблем за компаниите и за граѓаните“, се вели во извештајот на Стејт департментот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ