среда, 6 мај 2026

Рама: Албанија е колатерална штета поради бугарското вето за Северна Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Рама во интервју за „Франс 24“ ситуацијата во Албанија ја оцени како „апсурдна“.

„Ние сме во многу апсурдна ситуација, бидејќи Албанија во моментов е колатерална штета на конфликтната ситуација меѓу Бугарија и Северна Македонија, иако добивме зелено светло не само од Европската комисија, туку и од Европскиот совет“, рече Рама.

„Бугарија од џеб извади барања од историски и идентитетски карактер кон Северна Македонија и тој процес останува блокиран, бидејќи како што знаете, Европскиот совет лесно се блокира со ветото на една негова членка“, објасни Рама.

Рама истакна дека Франција неколку години имала помалку ентузијастички став, што не било поврзано со Албанија или со проблемите на Албанија, туку исклучиво со визијата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој се залагаше за продлабочување на реформите во ЕУ со цел побрзо да се придвижи со проширувањето.

„Визијата на Макрон беше протуркана преку нов метод на интеграција, кој подоцна беше одобрен од сите. Ниту Франција, ниту Германија немаат сила да влијаат врз Бугарија денес, што е прилично комплицирана позиција да се објасни, но што го прави процесот уште покомплициран, бидејќи покренува прашање меѓу нас и ЕУ што е јасно билатерално меѓу Бугарија и Северна Македонија“, рече Рама.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ