петок, 1 мај 2026

Oсмани на Линде ѝ го врачи постхумното признание за Ана Линд

Објавено на

часот

Сподели

„Особено го вреднуваме придонесот на Ана Линд, низ призмата на развојот и активното вклучување на Северна Македонија како модерна и просперитетна членка на меѓународната заедница. Ана Линд, во својство на министер за надворешни работи на Шведска и претседател на Советот на министри на ЕУ, одговорна за застапување на официјалната надворешно-политичка позиција на ЕУ, рече Османи подвлекувајќи дека Линд придонесе неизмерно за финализирање на преговорите и за потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација помеѓу Македонија и ЕУ во Луксембург на 9 април 2001.

Тој при врачувањето на признанието потсети дека Македонија беше првата земја од Западен Балкан која тогаш успешно ги заврши преговорите и потпиша ваков договор со ЕУ, а министерката Линд, како што додаде Османи, која ја претставуваше ЕУ, исто така, имаше конструктивна и важна улога и за време на конфликтот во 2001 година, повикувајќи на меѓуетнички дијалог и зајакнување на врските со ЕУ врз основа на новиот Договор за стабилизација и асоцијација.

Aна Линд во 2003 година, на 46-годишна возраст, беше нападната и прободена со нож во трговски центар во Стокхолм. Живото згасна во болница. Подоцна се утврди дека напаѓачот е шведски државјанин со српско потекло, кој доби доживотен затвор.

Инаку, Во рамките на проектот на МНР, по повод 30 години независна држава, Османи ќе врачи признанија на 30 странски државјани, високи функционери од ЕУ и НАТО, државници, дипломати и познавачи на нашата држава и регионот.

Со овој чин, како што соопшти МНР, се придава симболично признание за оставениот белег во консолидација на нашата самостојност, поддршката и помошта во заокружување на евроатлантската перспектива, како и зацврстувањето на мултиетничката, мултикултурна и мултиконфесионална кохезија на нашата држава и општество.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ