Затоа, како што посочи министерот, сега е време навистина да работиме заедно и да се осигураме дека во иднина нема да се најдеме во ваква ситуација.
Тој се заблагодари до Комитетот на УНЕСКО за препознавање на напорите, и одобрување на предложениот амандман, со кој се одобрува дополнителен период за завршување на започнатите работи и потполно исполнување на добиените препораки.
„Посебна благодарност до Босна и Херцеговина и Руската Федерација за поддршката во овие заложби, како и на делегациите на Кина, Саудиска Арабија, Унгарија и Шпанија. Исто така благодарност до колегите од Австралија и Норвешка за континуираните пријателски совети“, рече Нуредини.
Миинстерот Нуредини ги повика сите чинители, приватниот сектор, локалната самоуправа, сите граѓански организации, да соработуваат и да го дадат својот придонес кон заштитата на езерото и целиот регион.






