Движењето Одлучно за промени ќе настапи на претстојните локални избори, напиша Милевски на својата страница на Фејсбук. Тој додаде дека коалицијата има над 50 кандидатски листи за локалните избори, со голем број на граѓански активисти и непартиски лица, со што според него „движењето одлучно се позиционира како трета политичка сила на македонската политичка сцена“.
Милевски претходно најави дека коалицијата утре ќе го соопшти својот кандидат за градоначалник на Скопје.






