петок, 1 мај 2026

Надлежните уверуваат дека не постои шанса за ширење на вирусот за време на пописот

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски соопшти дека институциите се подготвени за најголемата статистичка операција во земјава која не е спроведена речиси 20 години и ги повика граѓаните да ги примат попишувачите.

„После речиси 20 години, премежја, опструкции и одоговлекувања конечно сме на прагот да започнеме со теренската работа и со собирањето на потребите податоци. Сите подготовки се завршени. Комисите на пописните регони заедно со нашите државни инструктори успешно ги завршија обуките на реонските инструктори и попишувачи и денеска се излезени на терен во обиколка на своите пописни кругови“, истакна Симовски.

Министерот за правда Бојан Маричиќ порача дека пописот ќе се спроведе безбедно и оти попишувачите се обврзани доследно да ги почитуваат протоколите.

„Попишувањето ќе се спроведе безбедно, почитувајќи ги здравствените протоколи, а попишувачите се обврзани доследно да ги применуваат. Не постои никаква шанса за ширење на заразата. Попишувањето ќе биде безбедно, со најдобра технологија, брзо и ефикасно и инклузивно на сите јазици кои се говорат во РСМ. Никој да не биде изоставен и сите да земат учество за да ја добиеме реалната слика“, нагласи Маричиќ.

Истакна дека пописот е неоходен за да може да се добијат да се добијат точни информации за населението и за објектите кои се клучни во креирањето на идните политики во земјава.

„Пописот е натпартиска статистичка операција и задоволен сум што сите релевантни поголеми политички партии го поддржаа. Пописот е потребен пред се за да се создадат услови граѓаните да живеат поубаво. Ова го правиме за нив“, рече Маричиќ.

Надлежните на денешната прес-конференција порачаа дека се вложени огромни напори да се организира пописот и оти сега останува на граѓаните заеднички да помогнат да се реализира оваа статистичка операција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ