Според „Политико“, по германското претседателство со ЕУ, Португалското е второ кое не успеа да отвори меѓувладина конференција со Албанија и со Северна Македонија поради бугарската блокада предизвиката од внатрешни историски причини кои „остатокот од клубот не ги разбира“.
„На сите ни е преку глава бугарската позиција за Северна Македонија. Тоа е несфатливо, неодбранливо и го дестабилизира Западен Балкан. Бугарија губи пријатели со голема брзина“, изјавил висок дипломат за „Политико“.
Според порталот, интервенирале многумина, и од регионот и пошироко, од големи и мали земји, од северот и југот, наведувајќи ги геополитиката, стратешкото размислување и едноставниот факт дека имаат намера да го одржат својот збор до двете земји како причини зошто овие разговори треба се одржат. Но, се разбира Бугарија се оглуши на тоа.
Притоа се споменува и дека германскиот министер за ЕУ, Михаел Рот, се огласи на Твитер во надеж дека јавниот повик ќе помогне. Но, не помогна.
„Ве молам. Билатералните прашања нека се третираат билатерално, без да се блокира целата ЕУ да се движи напред. Да размислуваме стратешки… немаме интерес да оставиме стратешки вакуум таму. Ви благодарам“, напиша Рот.






