петок, 1 мај 2026

МНР потврди: Вработен во Министерството е притворен во Србија

Објавено на

часот

Сподели

МКД.мк уште пред три дена упати прашање до МНР со кое побаравме и потврда, но и објаснување за што станува збор, со оглед на фактот дека за вакви настани поврзани со дипломати, неспорно е дека земјите меѓусебно се известуваат. Немаше одговор на прашањата, ниту за новата информација за приведувањето и на втор дипломат, се до објавата за овој случај. 

„Министерството за надворешни работи на Република Србија официјално ја има известено Амбасадата на Северна Македонија во Белград. Според известувањето, надлежниот суд во Србија определил екстрадиционен притвор по основа на меѓународна потерница за дело за кое се товари дека го сторил за време на негово приватно патување во странство“, информираат од МНР.

Работниот однос на притворениот вработен, според МНР, ќе му биде во мирување сѐ додека случајот не биде разрешен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ