петок, 1 мај 2026

Мицкоски: Кој сака да ја убие вистината за мувлосаниот здравствен систем?

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на Мицкоски се вели:

„Сведоштво дека во изгорениот ковид – центар во Тетово, наспроти тврдењата за бесплатното здравство на Заев и Филипче се барале пари за нега на пациент.
Но она што е вистинска катастрофа се заканите по живот кон Ибин Емшиу да не сведочи за фрапантната вистина, за мувлосаниот и скапан здравствен систем кој доведе до катастрофа.

Прашањето е кој се заканувал?

Кој сака на овој начин да се убие вистината и кому тоа му одговара?

За да не влијаат на истрагата бараме веднаш оставки од Хасани, Филипче и Заев, кои патем да напоменам не чувствуваат ниту морална одговорност.
Луѓе од крв и месо? Не би рекол, само алчни за фотелји и тендери“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ