петок, 1 мај 2026

Кузеска: Црнила, лажни вести, деструкција, тоа е одлика на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

На новинарско потпрашање како ќе се дејствува за да ги нема препукувањата во кампањата и дека е очигледно дека се продолжува со меѓусебната омраза, Кузеска одговори:

„Ние зборуваме за ширење на лажни вести, зборуваме за деструкции, зборуваме за блокади, зборуваме за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои што јавно се декларираат, зборуваат и дека се антиваксери и кажуваат дека нема да примаат вакцина. Значи тоа не е обвинување, тоа е еден апел уште еднаш да се однесуваат конструктивно и да се вклучат навистина во позитивна кампања не само за локалните избори и не само за избори, туку да се вклучат во сите добри процеси кои што се од интерес на граѓаните и на државата. Така може да се најде заеднички јазик, а СДСМ ќе држи позитивна кампања како и досега“.

Таа додаде дека СДСМ има одлични резултати во изминатите 4 години со реализирани над 7.000 проекти и дека во фокусот и на оваа кампања ќе биде интересот на граѓаните.

„СДСМ утврди 69 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Кандидатите се докажани кадри, угледни и препознаени во нивните средини, дел од нив ќе ја имаат честа да се борат за втор мандат, но една третина се нови лица кои досега немале можност да учествуваат во локалната власта, но се докажале во своите сфери на делување. Ова е најдобрата понуда што СДСМ ја нуди за секоја од овие 69 општини каде ќе настапиме со свој кандидат за градоначалник и партијата е извесен победник на изборите“, рече портпаролката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ