петок, 1 мај 2026

И ерменските медиуми јавија за приведувањето на македонскиот дипломат вмешан во бегството на ерменски дипломат

Објавено на

часот

Сподели

Според ерменските истражни органи, во 2018 година, тројца дипломати од Македонија, водени од Миленковски, евакуирале претставник на поранешната ерменска влада, обвинет за перење пари. Левон Саркисјан e името на ерменскиот дипломат кој во 2018 година успеал да избега од властите во Ерменија со помош на македонски дипломати, кои, дел од нив, денеска се наоѓаат во притвор во Србија.

Во септември минатата година судот од Ерменија издаде втор налог за приведување на Левон Саркисјан, брат на поранешниот претседател Серж Саркисјан. Овојпат тој е обвинет во рамки на истрагата за злоупотреби во проектот коридор Север-Југ. Левон Саркисјан бил вмешан во изборот на подизведувачите на овој проект како амбасадор во Министреството за надворешни работи во тоа време. Тој е обвинет затоа што побарал 50% од очекуваниот профит на компанијата и за перење пари и корупција.

Потрагата по Саркисјан е се уште актуелна. По него важечка е и потерницата издадена врз основа на обвинение за недозволено збогатување и лажна пријава на имот, јавија ерменските медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ