„За таа цел, во Државниот архив е формирана Комисија за селекција на документите и материјалите, како и посебни архивски фондови, средени и обработени според архивските стандарди, достапни за научно-истражувачки цели согласно архивскиот материјал“, соопшти денеска Архивот.
Како што додаваат оттаму, материјалот може да се доставува во оригинална форма директно до Државниот архив или до Агенцијата за иселеништво, по редовна пошта и дигитална форма. Пред доставување на материјалот, двете институции треба да бидат известени за содржината на архивскиот материјал и да е направена првична селекција, класификација и попис.
При дигитално доставување на материјалите, потребно е снимките да бидат изработени во tiff формат, и минимум 300 dpi резолуција.






