петок, 1 мај 2026

Атина ги замрзнува меморандумите со Скопје поради „твит“ на Заев

Објавено на

часот

Сподели

„Бараме целосна имплементација на договорот од Преспа и го повикуваме Заев да се воздржи од реторика на поделби и особено кога станува збор за чувствителни прашања, меѓу кои е и фудбалот”, изјави портпаролката на Владата Аристотелија Пелони.

Таа нагласи дека добрите намери кога во прашање е спроведувањето на Договорот од Преспа се критериум за пристапување на земјата во Европската унија”, истакна таа.

Ратификацијата на меморандумите за соработка e одложенa, како што дознава Катимерини, со цел Заев да може Заев да разбере дека има  обврски кои не може да ги игнорира.

На новинарски прашања Пелони рече дека Нова демократија изразувала несогласувања со договорот, што во името на Грција го потпиша СИРИЗА, во делот на јазични и идентитески прашања, но дека сега како власт инсистира на почитување на Договорот од Преспа.

Владата, рече портпаролката, нема да замижува на „мешаните сигнали“ кои доаѓаат од Скопје во врска со почитувањето на обврските од Договорот.

Во „твитот” од понеделникот премиерот Заев напиша дека фудбалскиот натпревар го следи заедно со холандскиот премиер и дека без оглед на резултатот ѝ дава поддршка на македонската фудбалска репрезентација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ