Алтернатива предупредува дека се големи бројките на заразени и на починати лица и дека се алармантно високи шансите за ширење на вирусот во овој момент и нагласува дека почетокот на новата учебна година доаѓа во многу опасно време. Со одложувањето на учебната година ќе се добие на време да се преземат посилни мерки за заштита на учениците, да се зголеми имунизацијата на наставниот кадар и вработените, како и на дел од учениците.
„Додека поминуваме низ, можеби, најтешките денови од почетокот на пандемијата, кога секој ден имаме од 20 до 30 починати лица, токму оваа недела се очекува да започне новата учебна година, треба да се одржи и пописот на населението и домаќинствата, но и влегуваме во предизборната кампањата за претстојните локални избори. Сепак, и овие бројки и ризикот од ширење на вирусот не се доволни за оваа Влада да донесе одлука за одложување на учебната година“, беше речено на прес-конференцијата на Алтернатива.






