„Во минатото видовме случаи што завршија со оставка и во следниот мандат со повторно назначување на истите функционери во други оддели, но без никаква кривична одговорност. Трагедијата во Тетово го потресе светот, избриша 14 животи и ги изгори срцата на сите нас. Овој случај не смее да остане без правда и без одговорност. Го повикуваме Обвинителството да не подлегне во политички игри, да дејствува итно и да не дозволи ниеден од осомничените да избега и да ни се случи „Будимпешта 2″, стои во реакцијата на Алијанса за Албанците.
Попладнево оставки поднесоа Флорин Бесими, директорот на Клиничката болница во Тетово, Заменик министерот за здравство Илир Хасани и Артан Етеми, финансиски директор на Тетовската клиника.
Министерот за здравство, Венко Филипче предмалку на прес-конференција соопшти дека понудил писмена оставка до премиерот Зоран Заев. Тоа го сторил поради трагедијата во Тетово.






