„Партијата на пензионери, исто така потенцира дека на вакви појави укажувала во повеќе наврати во минатото.
Исто така даваме полна поддршка на институциите за темелно и доследно справување со ваквите и сличните инциденти во целата држава.
Грижата за највозрасните граѓани е еден од основните постулати на секое современо општество, а воедно и едно од основните принципи и темели на работата на Партијата на пензионери“, реагираат од партијата.






