петок, 15 мај 2026

Свидетелства ќе добијат само полуматурантите и матурантите

Објавено на

часот

Сподели

Училиштата се информирани само дека во вакви услови не може да се организира делење на свидетелствата, при што веројатно се мисли на пандемијата.

Во СОНК велат дека најверојатно станува проблем со тендерот за печатење на свидетелствата, што е во надлежност на Бирото за развој, имајќи предвид дека свидетелствата се бесплатни за учениците и затоа е потребна таа процедура.

Од СОНК додаваат дека овој проблем ќе создаде нов проблем – кога  наставниците во јули или во август ќе бидат на годишен одмор, од нив ќе биде барано да ги внесуваат оценките во електронскиот систем, за потоа да бидат испечатени свидетелствата.

Сојузот на средношколци реагира дека не се објаснети причините за проблемот со свидетелствата и потсетуваат дека иако тие се бесплатни, во некои училишта од децата биле барани пари за нивно издавање. Сојузот очекува веќе утре да биде завршен извештајот на Државниот просветен инспекторат за наплаќањето на свидетелствата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ