сабота, 16 мај 2026

Прва доза вакцина вчера примиле 11.299 граѓани

Објавено на

часот

Сподели

Во државата вкупно се аплицирани 586.537 дози вакцини, а ревакцинирани се 227.851 граѓани. Со последните бројки 53 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  50 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.  

Од Министерството додаваат дека интересот за вакцинација се зголемува, а досега преку веб платформата vakcinacija.mk се  пријавиле 484.220 граѓани. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација, а масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп. 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ