Станува збор за колега на првиот пациент од Ирак кај кого беше регистриран индискиот сој, рече Филипче и додаде дека вториот заболен симптимите ги пројавил подоцна од првиот кoj бил регистриран на 7 јуни. Двајцата биле на работа во Ирак, а со истиот авионски лет се вратиле во земјата.
„Пациентот не е во ризик. Нема ризик ниту од ширење на болеста, според направените епидемиолошки анкети и нема потреба од дополнителни анкети“, рече Филипче.
Министерот вели дека сите вакцини штитат и од индискиот и од другите форми на мутации од смртен исход и од тешки компликации на болеста.
Филипче очекува кон крајот на месецот да пристигнат поголеми количини на вакцини во земјава, 100 илјади фајзерови и 500 илјади на Синовак и во текот на летото да се изврши имунизација на населението до степен на колективен имунитет.
„Во период од две недели сите пријавени граѓани кои чекаат термин, а тоа се близу 180.000 лица, ќе добијат термин за вакцинација. Потоа ќе ги отвориме пунктовите за сите кои ќе покажат волја да се вакцинираат на лице место”, рече Филипче.
Тој апелира повозрасните граѓани кои се пријавени, а не добиле термин, тоа повторно да го сторат преку преку матичните лекари, апелираше Филипче.
Инаку, според Светската здравствена организација, индискиот сој станува доминантен во светот.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска беше во Битола во посета на Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ кој е реновиран, како што беше посочено, за прв пат после 50 години.






