„Но оваа убедлива победа е само почеток на новата македонска енергија, мирна одлучна, праведна. Во овие недели покажавме дека политиката може да има поинакво лице без навреди, без гнев омраза со достоиснтво, со поглед право во очи со дела наместо со празни ветувања. Граѓаните го препознаа тоа вечерва со убедливо мнозинство ја потврдија својата доверба. Не заради нас, туку заради себе, своите семејства, својата иднина заради Македонија“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Мицкоски.
Според него, секој кој излегол и гласал за продолжување на промените гласал за вистината дека може подобро, дека чесноста вреди, дека трудот носи резултати. Тоа, рече, е нашата обврска.
„Победата не е награда, туку задача што почнува од утре наутро со секој нов ден, со секоја улица, училиште, фабрика, болница… што ќе ги направиме, со секој нов човек кој верува дека овде има смисла да се живее и да се сонува. Победата ја градевме чекор по чекор, со работа не со спектакли, туку со упорност. Затоа таа победа не е само наша, таа е на сите кои веруваат дека државата мора да се движи напред дека дека иднината не треба да се чека, туку да се созадава“, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Патот, вели тој, не е лесен, но Македонија има сила, има и луѓе има и волја.
„И кога тие три нешта ќе се соединат нема сила која може да ја сопре татковината. Затоа вечерва не славиме, туку ветуваме дека ќе работиме, дека ќе работиме уште повеќе дека секој глас ќе го претвориме во дело, секоја надеж во резултат. Победата нема да ја мериме со бројки, туку со дела. Вистинската победа ќе биде кога секој ќе каже да, вредеше“, истакна Мицкоски.
Тој вели дека претстојат уште две недели на одлука во кои треба да се заокружи започнатата промена.
„Ова не е време за опуштање, туку за последниот напор бидејќи секој глас кој ќе сотавене дома е подарок за тие кои ја уништуваа Македонија, а секој глас кој ќе излезе е чекор кон иднината што ја содаваме заедно“, истакна во обраќањето Мицкоски.
За тезата дека имало нерегуларност, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета не е издржана и е плитка.
„Ги имавме најдемократските избори до сега, а сè друго е само алиби и површен обид да се оправда слабиот резултат на опозицијата.
Имаме победа во над 30 општини уште во првиот круг. Разликата е 2:1, 3:1, а некаде и многу поголема. Имаме победа и во општини каде СДСМ имаше свои градоначалници. Победивме убедливо во првиот круг во Струмица. Дваесет години чекавме на овој ден. Имаме победа и во Делчево, победивме и во Берово. Убедлива победа имаме во Пелагонија, во Битола, во Прилеп… Во Штип имаме, во Кавадарци. Во Гевгелија, во Свети Николе, во Карбинци, во Демир Хисар, Новаци, Градско, Бутел, Ѓорче Петров, Гази Баба, Кисела Вода, Сопиште, Илинден , Петровец, Јегуновце Велес, Радовиш, Ресен… Во повеќе од 30 општини победивме уште во првиот круг. Имаме огромно водство. Орце има огромно водство, неколку пати повеќе од својот противкандидат во Скопје. И таму извесен победник е Орце во вториот круг“, порача Моцкоски.
Покрај тоа, тој нагласи дека воедно, овие избори се порака и за ДУИ.
„Кога Али Ахмети се удираше во гради дека менувал премиери, реков – ‘полека, почекај, смири се, непријатно ќе бидеш изненаден од резултатот’. Ова е тој ден! Ова е што е најважно, политиките на етноцентризам, национализам и вештачки теми за орли и зајци и теми коишто се небитни за граѓаните – се поразени. А се отвора прашањето за реформи во опозицијата. Јас не посакувам послушна опозиција, н далеку поконцентрирана и покапацитетна од оваа, којашто збори за орли и за зајци.
Во вториот круг нема место за калкулации, за поделби, за суети… Нема мали и големи општини. Нема помалку важни градови. Постојат само граѓаните кои сакаат достоинствен живот и чиста совест кога ќе го погледнат својот град, својата улица, своето семејство. Ова е моментот кога треба да бидеме едно, како што бевме овие месеци. Со срце и разум, и љубов за Македонија“, упати порака претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, објавувајќи ги резултатите од првиот круг на локалните избори.






