„Почнавме со замисла дека политиката може повторно да делува човечки. Сега кога веќе дојдовме до вториот круг, изборот е јасен: стариот систем кој го истроши градот и новиот кој заедно го градиме, кој ќе го стави колективниот интерес пред партискиот. Ова движење никогаш не се однесуваше на мене како кандидат, туку на сите скопјани кои одбраа да се надеваат наместо да се предадат.
Надежта ќе ја претвориме во реалност во овој круг – со храброст, достоинство и неизмерна љубов кон сопствениот град.
Скопје се разбуди. Сега сопствените соништа ќе ги види на јаве“, порача Мециновиќ, како кандидат за градоначалник на Скопје од Левица, кој во вториот круг на локалните избори, на 2 ноември ќе си одмери силите со Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. .






