„Додека народот плаќа даноци и со години чека да му се решат инфраструктурните проблеми, бизнисмени од ДПМНЕ си дозволуваат да градат дивоградби на државно земјиште и при тоа да ги легализираат со промена на урбанистички планови. Тоа е класичен пример за злоупотреба на функција за лична и партиска корист,“ велат од Левица.
Од партијата бараат Обвинителството итно да постапи по пријавата и да отвори истрага не само против Ѓорѓиевски, туку и против сите лица инволвирани во случајот.
„Нема да има правда додека функционерите не почнат да одговараат за своите постапки,“ додаваат од Левица.
Според нив, толерирањето на бесправни градби и обидите за нивна легализација не се изолирани случаи, туку станаа правило во системот што го воспоставиле ДПМНЕ, СДС и ДУИ, а сега и Вреди.
„Три децении државата е заложник на истите структури што од позиција на власт кршат закони за да спасат приватни бизниси и финансиери,“ посочуваат од партијата.
Левица остро реагира на ваквите појави и укажува дека мора веднаш да се воведе строга контрола над урбанистичките планови, да се прекине со легализацијата на дивоградби и да се спроведе ревизија на сите сомнителни дозволи за градба.
„Скопје мора конечно да стане град на закон, а не на лични привилегии и договори под маса,“ порачуваат од Левица.






