вторник, 18 ноември 2025

Левица од Штип: Народот бара промена на системот којшто 34 години го создаваат ВМРО-ДМНЕ и СДСМ

Во Штип вечерва партијата Левица одржа народен собир, на кој беа промовирани кандидати на советничката листа за Советот на Општина Штип, а чијшто носител е Ангеле Михајловски. На собирот присуствуваа и претседателот на Левица, Димитар Апасиев и пратеникот во македонското Собрание, Борислав Крмов.

Објавено на

часот

Сподели

Носителот на советничката листа на Левица за Општина Штип, Михајловски рече дека присуството и континуитетот на Левица во Советот на Општина Штип ќе продолжи и во наредните четири години.

„Ако пред четири години нашата идеја беше да влеземе макар со еден советник, денеска после четири години нашата цел е многу повисока по 19 октомври очекуваме многу поголем број на советници од Левица во Советот на Општина Штип, кои жестоко ќе се борат за јавните интереси на граѓаните на Штип“, рече Михајловски.

Тој посочи дека главна цел ќе им биде обновување на занималните во детските градинки, модернизација на училниците во општинските училишта.

„Изградба и ставање во функција на Домот за стари лица и изградба на Центар за рехабилитација за лица со посебни потреби, од областа на сообраќајот и инфраструктурата нудиме решение за катни гаражи во центарот на градот, со што би се олеснил оној метеж кој се создава на двете главни сообраќајници, кои гравитираат околу реката Отиња“, рече Михајловски.

Тој додаде дека Левица ќе се залага и за изградба на кружни текови меѓу Чардаклија и Балканска и на крстоницата во населбата Сењак, како и продолжување на пешачката и велосипедска патека до населбата Стар Караорман.

Пратеникот во македонското Собрание, Борислав Крмов рече дека Левица нуди нешто што другите партии не го нудат.

„На овие избори народот бара една системска промена на тој систем, којшто 34 години го создаваат и владеат ВМРО и СДСМ и само можам да кажам дека Левица е уникатно позиционирана да го сруши тој систем“, вели Крмов.

Тој ги искоментира и слоганите на ВМРО ДПМНЕ „Твој човек“ и на СДСМ „Нашиот  дом“ и какошто рече  „пак од една страна имаме мито и корупција, а од друга страна лажна борба“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ