петок, 14 ноември 2025
Се бара трајно решение

Ѓорѓиевски седна на маса со општинските градоначалници да се договорат што ќе прават со ѓубрето во Скопје

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за иден градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека на иницијатива на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денеска бил одржан состанок со сите скопски градоначалници во рамки на ЗЕЛС, со една единствена цел, да се изнајде решенија за нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена”.

Објавено на

часот

Сподели

„Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија. Иако неколку пати интервениравме во изминатите години, тоа беа само привремени, секундарни интервенции бидејќи општините немаат сопствена механизација, ниту пак ингеренции да ги празнат контењерите“, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Ѓорѓиевски, кој влезе во вториот круг како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, истакна дека во изминативе неколку дена сите градоначалници од скопскиот регион, со поддршка од општествено одговорни компании се обидувале да го амортизираме хаосот што го зафати градот.

„Денес разговараме не само за тоа како да делуваме во наредните неколку дена до крајот на изборите, туку како трајно да го решиме проблемот со хигиената во Скопје. Ќе побараме поддршка и од нашите колеги надвор од градот Скопје, со цел заеднички да придонесеме за расчистување на овој метеж“, објави Ѓорѓиевски.

Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија. Иако неколку пати интервениравме во изминатите години, тоа беа само привремени, секундарни интервенции бидејќи општините немаат сопствена механизација, ниту пак ингеренции да ги празнат контењерите, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ