На 18 јуни, точно во 11 часот претпладне, во скопската населба Козле го добивме седмиот Супер милионер. Добивката изнесуваше 11.708.346 денари, а среќникот беше силно возбуден од овој неочекуван подарок од судбината, па реши засега да остане анонимен. Само ни сподели дека парите се добредојдени и дека, најверојатно, најголемиот дел од нив ќе бидат вложени во нова куќа.
Оваа недела донесе уште три Милионер џек пот добивки. Најниската од трите изнесува 1.592.351 денар, а се падна во скопската населба Автокоманда, на 14 јуни. Два дена подоцна, во Крива Паланка добивме милионер кој стана побогат за 1.689.157 денари, а на 19 јуни, во Илинден заврши третиот милионер џек-пот со 1.681.157 денари.
Терминалите на Видеолотарија касинос Австрија се распространети низ цела земја и секој од нив има подеднакви шанси да донесе добивки Мини џекпот, во вредност од 4.000-5.000 денари, Милионер џек пот во висина од 1.200.000 до 1.800.000 денари или Супер милионер џек пот од 8 до 12 милиони денари.
Комерцијален текст






