понеделник, 15 јуни 2026

До крајот на неделава сончево време, повремено со дожд и температура до 36 степени

Во текот на седмицава ќе преовладува топло време. Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град, соопшти УХМР.

Објавено на

часот

Сподели

Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 9 до 19, а максималните дневни ќе достигнат до 36 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ