вторник, 2 јуни 2026
„Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“

Д-р Агаи: Кога еден живот завршува, друг може да добие нов почеток (ВИДЕО)

Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, д-р Љуљзим Агаи, директор на Клиниката за неврохирургија во видео-обраќање изразува поддршка за оваа племенита акција.

Објавено на

часот

Сподели

„Се наоѓаме на нашата интензивна нега, каде што секојдневно се бориме за животите на нашите пациенти и многу пати успеваме во тоа, но понекогаш болеста е посилна од нас, посилна од нашите можности. Со тоа што завршува животот, може да отпочне еден нов живот доколку дадеме шанса на проектот за трансплантација на органи“, додава Агаи.
Тој апелира дека овој хуман чин на трансплантација на органи може да спаси нов живот доколку имаме доволно информации и доколку имаме големо срце да му помогнеме на некого.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ