На денешната прес-конференција на која заедно со директорот на Агенцијата за вработување го презентираа Оперативниот план за вработување за 2026 година, Дурмиши одговарајќи на новинарски прашања дека на веб – страницата на Агенцијата за вработување се нудат 9.000 слободни работни места со плати под минималната, најави состанок со директорите на Агенцијата за вработување и Трудовиот инспекторат.
„Ќе имаме состанок и ќе направиме контроли кај овие компании. Ќе ве информираме какви мерки ќе преземеме. Не е важно дали огласите за работа се стари или нови, не може да се нудат огласи со плата под минималната, имаме закон којшто е на сила. Бидете сигурни дека доколку навистина е така, односно се нудат работни места со плата под минималната, ќе преземеме мерки за тие да бидат санкционирани. Не може ниту една компанија да го злоупотребува законот“, истакна Дурмиши.
Тој уште кажа дека вените се стабилни, а ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе бидат преземени мерки.
„Од 55 најпродавани производи, растот е минимален и изнесува само 0,43 проценти, така што цените се стабилни. Ако забележиме девијантно однесување, како што сме постапиле порано, така ќе постапиме и сега. Значи, за 0,43 проценти се зголемени цените, што покажува дека имаме стабилни цени“, рече Дурмиши одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата, на која беше презентиран оперативниот план за вработување за 2026 година.
Вели дека ако кризата продолжи и има енормно зголемување на цените, тогаш ќе се воведат мерки, а една од опциите е намалување на ДДВ-то.
Во однос на инфлацијата, Дуршими вели дека имаме пониска инфлација од други држави и дека мерките што се преземени досега даваат резултати. До крајот на неделата очекува Државниот завод за статистика да излезе со нови информации околу инфлацијата.
МИА






