сабота, 15 ноември 2025
Локални избори 2025

Јакимовски: Истите што беа против катните гаражи, сега ги ветуваат како свои

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во изјава за медиумите реагираше на, како што рече, „веќе видена практика“ на неговите политички противници кои, според него, четири години биле против изградбата на катни гаражи, а сега ги претставуваат како свои проекти.

Објавено на

часот

Сподели

Истите луѓе кои четири години гласаа против катните гаражи, денес излегуваат со прес-конференции дека ги нема, а утре — без срам — ќе ги ветуваат како свои. Тоа не е визија, тоа е лицемерие. Граѓаните на Карпош не заслужуваат лаги во боја и стари плакати со нови ветувања – изјави Јакимовски.

Тој додаде дека, додека неговите опоненти „менувале приказни“, локалната власт во изминатиот период работела на подобрување на инфраструктурата и условите за живот во општината.

„Реновиравме училишта и градинки, поставивме фотоволтаици, изградивме нова општинска зграда, направивме нови улици, паркови и јавни површини“, рече тој, повикувајќи ги граѓаните на 19 октомври да излезат и, како што истакна, „да покажат дека Карпош не се продава на муабет, туку се брани со работа, резултати и достоинство“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ