Акцијата обедини нуркачи, волонтери и љубители на природата од земјава и регионот со заедничка мисија – отстранување на цврстиот отпад од дното на езерото и придонес кон зачувување на еден од највредните природни ресурси во Македонија и пошироко. Од компанијата велат дека преку поддршката на оваа еколошка иницијатива уште еднаш ја потврдуваат својата посветеност кон општествената одговорност и заштитата на животната средина.

„Грижата за животната средина е заедничка одговорност на сите нас. Горди сме што бевме дел од оваа иницијатива која испраќа силна порака за важноста од заштитата на природата и подигнувањето на јавната свест за еколошките предизвици со кои се соочуваме“, велат од „Адмирал“.
Оттаму потенцираат дека и во иднина ќе продолжат да поддржуваат проекти кои придонесуваат за одржлив развој, заштита на природата и подобрување на квалитетот на живот во локалните заедници.
Според нив, секое отстрането парче отпад од Охридското Езеро е чекор кон почиста животна средина, а секоја ваква акција е потсетник дека со заеднички сили можат да се создадат позитивни промени и да се зачуваат природните вредности за идните генерации.






