петок, 5 јуни 2026

335 основци учествуваа на церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден” од Крива Паланка и „Љубен Лапе”, „Ацо Шопов”, „Лазо Трповски ” и „Киро Глигоров“ од Скопје, беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет.

Објавено на

часот

Сподели

Церемонијата започна со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови. Учениците имаа можност да ги разгледаат просториите на Кабинетот и да се запознаат со работата на институцијата. Но, највозбудливиот дел од посетата следеше во дворот, каде што разговараа со претседателката.

Опкружена со стотици љубопитни погледи и кренати раце, таа одговараше на прашања врзани за детството и училишните денови, професорската работа и претседателските обврски.

Потсетувајќи се на првите учители кои и ја всадиле љубовта кон книгите, претседателката им порача на учениците да го негуваат другарството, да се почитуваат, да поставуваат прашања и да не се плашат да размислуваат поинаку, оти токму љубопитноста е почеток на секое учење, а знаењето останува најсигурниот сопатник низ животот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ