четврток, 22 мај 2025

Тројца гевгеличани добија кривични пријави за криумчарење мигранти

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Т. (32), У.К. (24), Л.А. и В.Т. (50), сите од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Објавено на

часот

Сподели

На 17 април во својство на водач, првопријавениот на подрачјето на Гевгелија прифатил четири лица мигранти, од кои едно дете од Кина и ги предал на второпријавениот. Додека, третопријавената, мајка на првопријавениот, за време на извршувањето на кривичното дело по телефон им давала информации за движењето на полициските патроли. Од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на првопријавениот и второпријавениот им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена и на третопријавената мерка домашен притвор во траење од 30 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ