четврток, 22 мај 2025

Приведени тројца од Куманово и Кратово кои возеле пијани

Полициски службеници од Куманово и од Кратово денеска ги лишиле од слобода А.М.(38) од Куманово, А.Р. (49) од село Ваксинце, општина Липково и З.Л. (60) од село Страцин, Кратовско.

Објавено на

часот

Сподели

МВР соопшти дека при контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници констатирале дека кај А.М., кој управувал патничко моторно возило „цитроен”, биле измерени 1,56 промили алкохол во крвта, а кај А.Р., кој управувал патничко моторно возило „опел”, биле измерени 1,55 промили алкохол. При контрола на патниот сообраќај во Кратово, З.Л. не застанал на знак за запирање и се обидел да побегне, но набргу бил запрен и полициските службеници кај него измериле 2,28 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-А од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ