сабота, 27 април 2024

Американците гаѓаа складишта на оружје и дронови на Хутите во Јемен

Американската војска соопшти дека синоќа извршила напади на складишта со оружје, дронови и проектили во областите на Јемен под контрола на шиитските бунтовнички милиции на Хутите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека „успешно ангажирала и во самоодбрана уништила седум противбродски проектили, три беспилотни летала и три магацини со оружје во областите на Јемен под контрола на Хутите“.

„Утврдено е дека ова оружје претставува непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица во регионот“, се наведува во соопштението.

Хутите се обидуваат да ги попречат нападите на населението во Појасот Газа. Исламистичките бунтовници ветија дека во знак на солидарност со Палестинците ќе ги напаѓаат бродовите во Црвено Море поврзани со Израел.

„Ако Газа не добие храна и лекови кои ѝ се неопходни, сите бродови во Црвено Море кои патуваат кон израелските пристаништа, без оглед на нивната националност, ќе бидат мета на оружените сили“, кажа во декември портпаролот на бунтовниците.

Поради постојаните напади на Хутите, големите бродски компании сè повеќе го избегнуваат најкраткиот морски пат меѓу Азија и Европа и наместо тоа пловат преку јужноафриканскиот Рт на Добра надеж.

Во четвртокот лидерот на јеменските Хути Абдел Малик ал Хути кажа дека групата ќе ги прошири своите операции за да ги спречи бродовите поврзани со Израел и да минуваат низ Индиски Океан кон Ртот на Добра надеж.

Ал Хути минатата недела кажа дека неговата група гаѓала над 73 комерцијални и воени бродови од почетокот на нападите во ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ