вторник, 28 мај 2024

Словенечките медиуми предупредуваат: Внимавајте, хрватските патишта се опасни

Реномираниот словенечки Автомагазин објави напис со наслов „Одите деновиве во Хрватска? Внимавајте, хрватските патишта се сметаат за едно од најмалку безбедните во Европа“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Многу Словенци за време на првомајските празници ќе заминат на јадранскиот брег. Според најновото истражување спроведено од швајцарскиот сајт Vignettesswitzerland.com, Хрватска е вклучена меѓу најопасните земји за возење во Европа, поточно на четвртото место на листата. Според тој сајт, нашите јужни соседи годишно бележат околу 71,2 смртно настрадани во сообраќајот на милион жители. Во 2023 година на хрватските патишта загинале 274 лица, од кои 74 мотоциклисти и совозачи“, пишува словенечки Автомагазин.

Се наведуваат и податоците на хрватската Служба за безбедност и патен сообраќај дека хрватските полицајци минатата година забележале повеќе од 750.000 сообраќајни прекршоци и дека дури 230 хрватски возачи месечно остануваат без возачка дозвола.

Како најбезбедни во Европа се истакнуваат патиштата во Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ