сабота, 18 април 2026

Путин и Макрон разговарале по телефон, планираат да ги подобрат односите на Русија и ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Дејствувањето на решавање на жешките прашања, како сајбербезбедноста, борбата против глобалниот тероризам и заштитата на животната средина би можеле да доведат до, како што наведе Кремљ, „нормален дијалог“ и меѓусебно почитување.

Околу конфликтот на истокот на Украина двајцата лидери кажаа дека се спремни на понатамошни разговори за спроведувањето на мировниот план од Минск од 2015 година.

Москва за досегашните кршења на примирјето го обвинува Киев.

Односите на ЕУ и Русија се влошени не само поради источна Украина туку и поради, меѓу другото, постапувањето на руските власти со опозиционерот Алексеј Навални, Белорусија во која поради спорните претседателски избори речиси година дена траат протести и наводното труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ во Британија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ