недела, 19 април 2026

Пожарникар во урнатините на Флорида го нашол телото на својата ќерка

Објавено на

часот

Сподели

Бројот на мртвите така се зголеми на 22, а 126 лица сè уште се водат како исчезнати.

„Оваа трагедија влијаеше на многу од нас бидејќи познаваме некого кој живеел во оваа зграда или е директно погоден од трагедијата“, кажа градоначалникот на Мајами Франсис Суарез на конференција за медиумите.

Пожарникарот Енрике Аранго бил присутен кога телото на неговата седумгодишна ќерка, Стела Катароси, било извлечено од урнатините, седум дена по колапсот на облакодерот Чемплејн саут тауер.

Пријатели на семејството напишале на социјалните мрежи дека девојчето било најдено заедно со мајката Грасиела, иако властите засега не потврдиле официјално дали е најдено телото на мајката.

Таткото на Стела бил дел од спасувачкиот тим кој го нашол девојчето и бил присутен кога било најдено нејзиното тело. Тој бил на терен со брат му.

„Кога му кажавме дека сме блиску до местото каде што би можела да биде неговата сакана ќерка, тогаш застана рамо до рамо со другите колеги пожарникари. Го извлековме нејзиното тело и го оставивме да се збогува со неа“, кажа Игнатиус Керол, шефот на пожарникарската служба во Мајами.

Еден од спасувачите, кој сакал да остане анонимен, кажал дека таткото преку телото на својата ќерка префрлил јакна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ